Активности

Петок, 26 декември 2014 година

Дванаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 12. седница, како матично работно тело, во прво читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставникот на Владата Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот. 

Во дискусијата по Предлогот на законот учествуваа пратениците: г. Љупчо Димовски, г. Ромео Тренов, г. Реџаиљ Исмаили и г. Никола Мицевски. 

На крајот од расправата, Комисијата едногласно оцени дека Предлогот на  законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click