Активности

Четврток, 6 ноември 2014 година

Единаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на денешната 11. Седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за  изменување  и дополнување на Законот за водите - I читање;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија - I читање;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта - II читање;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај - II читање;
  5. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај - II читање;
  6. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба - II читање;
  7. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем - II читање.

На седницата, во својство на претставници на Владата на Република Македонија, присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање, г. Нурхан Изаири и заменик-министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Претставниците на Владата во образложението на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за водите и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, ја нагласија потребата за нивно донесување, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

По овие два Предлог-закони, Комисијата едногласно го усвои следниот Заклучок:

  • Комисијата, врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, констатира дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

- Комисијата ги разгледа, водеше претрес и ги усвои амандманите поднесени од овластени предлагачи по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба.

  • Во Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта е вграден еден амандман поднесен од пратениците Реџаиљ Исмаили и Лилјана Затуроска.
  • Во Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај се вградени два амандманите поднесени од пратениците Лилјана Затуроска, Реџаиљ Исмаили и Ејуп Рустеми.
  • Во Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба е вграден еден амандман поднесен од пратениците Лилјана Затуроска, Драган Данев, Стојан Миланов, Реџаиљ Исмаили, Рамис Мерко и Славе Гошев.

- Во однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем, претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени  амандмани. 

Комисијата, без дискусија, ги проследи овие два Предлог-закони на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click