Активности

Понеделник, 1 декември 2014 година

Единаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 11. седница, како матично работно тело во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Претседавачот на Комисијата, г. Ромео Тренов ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието не се поднесени амандмани по Предлог на законот.

Во дискусија по Предлог на законот учествуваа пратениците Газмен Алији, Реџаиљ Исмаили и Љупчо Димовски. 

Пратениците во своите дискусии го истакнаа ставот за поддршка за донесување на Предлог законот.

По расправата, Комисијата го проследи Предлог на законот на натамошна постапка во Собранието. 

Click