Активности

Понеделник, 9 март 2015 година

„Еднакви и овластени - Заедно посилни“ 

На 2 и 3 март во Белград, Република Србија, во организација на Српската женска парламентарна мрежа на Народното собрание на Република Србија и Мисијата на ОБСЕ во Србија, поддржана од Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР), се одржа Конференција за пратенички од Југоисточна Европа со наслов „Еднакви и овластени - Заедно посилни“.

На Конференцијата, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија беше претставена од пратеничките Вјолца Мехмети-Нуредини и Марија Ангелова, а присуствуваа пратеници, претставници на извршната власт, невладини организации, меѓународни организации и независни експерти од тринаесет балкански земји.

На Конференцијата стана збор за состојбата на родовата рамноправност во поединечните земји, како и размена на најдобрите практики од областите: градење на моќта на жените во парламентарните политички партии, влијанието на меѓупартиската соработка на жените пратенички во процесите и политиките за промовирање на еднаквоста на жените и уживањето на неделливите човекови права и за инплементацијата на Инстанбулската конвенција.

Конференцијата резултираше со потпишување на Меморандум за соработка со кој потписниците ја потврдија својата намера заеднички да соработуваат во развојот и спроведувањето на активности за подобрување на родовата еднаквост во своите земји и во регионот на ЈИЕ, како и создавање на рамка и идентификување на моделите на соработка на пратениците од земјите во ЈИЕ.
Click