Активности

Среда, 19 февруари 2014 година

Пратеникот Игор Ивановски набљудувач на вонредните парламенти избори во Србија 

Пратеникот Игор Ивановски, во својство на пратеник во Парламентарното собрание на Совет на Европа и член на мониторинг комисијата е назначен од име на Групата на социјалистите за член на ад хок комисијата која ќе ја посети Република Србија на 19 и 20 февруари 2014 година, во предизборна мисија, пред одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 16 март 2014 година.

Петчлената делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе има средби со претседателот на Парламентот на Србија, г. Небојша Стефановиќ, премиерот и министер за внатрешни работи г.  Ивица Дачиќ, претседателот на Државната изборна комисија, г. Дејан Ѓурѓевиќ, лидерите и претставниците на пратеничките групи во српскиот Парламент, потоа членовите на Српската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа, како и со претставници на граѓанското општество,  медиумите и претставниците на дипломатскиот кор во Белград.

Делегација од 21 член на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе се врати во Србија да го набљудува гласањето на 16 март 2014 година, заедно  со набљудувачите на другите меѓународни институции.

Предизборната мисија има за цел да утврди како течат подготовките за парламентарните избори, и да утврди дали се следат нормите на Парламентарното собрание на Советот на Европа засновани на принципите на демократија, плурализам и почитување на правото на слободни избори.  Спроведувањето на фер и демократски избори  претставува еден од најважните елементи според кој се утврдува демократскиот капацитет на една држава.

 

 

 
Click