Активности

Понеделник, 1 февруари 2016 година

Јавна расправа на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања на Собранието на  Република Македонија, jа одржа 27. седница посветена на Јавната расправа на тема: „Итни реформски приоритети за Република Македонија - точка 1: Владеење на право и судство".

Со седницата претседаваше претседателот на Комисијата, г-ѓа Ермира Мехмети, која  појасни дека целта на оваа Јавна расправа е да бидат разменети мислења и ставови, меѓу пратениците, владиниот и невладиниот сектор, во насока на  подобрување на состојбите во врска со владеењето на правото и  постигнувањето на поголема независност и професионалност на судството во Република Македонија.

Воведни обраќања по темата од Јавната расправа имаа: министерот за внатрешни работи, г. Оливер  Спасовски, претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, г. Бранко Ушковски, претседателот на Советот на јавните обвинители, г. Петар Аневски и заменикот на народниот правобранител на Република Македонија, г-ѓа  Васка Бајрамовска.

Во расправата учествуваа пратениците: г-ѓа Лидија Димова, г. Хари Локвенец, г-ѓа Софија Куновска, г-ѓа Даниела Рангелова, г-ѓа Марија Ангелова, а од поканетите гости говореа: г. Мирослав  Драганов од „Институтот за човекови права“; г-ѓа Антоанета Димовска, потпретседател на „Здружението на  судии на Република Македонија“; г. Александар Димовски од Асоцијацијата „Зенит“ и г-ѓа Мирјана Иванова-Бојаџиевска од „Коалицијата за правично судење“.

Дискутантите се осврнаа на актуелните состојби во областа на владеењето на правото и судството, при што беа искажани констатации и мислења во врска со понатамошното унапредување на  фундаменталните основи на владеењето на правото и судството, а со тоа и на функционалната демократија, како еден од важните услови за пристапување на земјата кон ЕУ.

Click