Активности

Среда, 20 јули 2016 година

Јавна расправа на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 68. седница, како матично работно тело, одржа Јавна расправа по Предлогот на законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции. 

На седницата на Комисијата, во својство на предлагач на Предлог-законот, присуствуваше министерката за информатичко општество и администрација, г-ѓа Марта Арсовска-Томовска. 

Во обраќањето пред пратениците и присутните гости, предлагачот ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот и побара од присутните да дадат свои предлози, мислења и забелешки по Предлогот на законот и да ја утврдат потребата од донесување на предложениот закон.

На јавната расправа, покрај претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Реџаиљ Исмаили, присуствуваа и членовите на Комисијата: Лилјана Затуроска, Славе Гошев, Стојан Миланов, Фатмир Имеровски, Ејуп Рустеми и Газменд Алији; заменик-претседателот на Комисијата, Рамис Мерко; заменик- членовите на Комисијата: Благоја Деспотоски, Слаѓана Митовска, Драган Данев, Муса Ибраими и Мерал Узеири-Ферати.

Свои мислења, предлози и забелешки, дадоа: пратениците Солза Грчева и Газменд Алији, како и учесниците: Насер Селмани - Здружение на новинари на Македонија; Лирим Дулови - дневен весник „Коха“; Иван Мирчевски - Медиумска македонска асоцијација; Дејан Георгиевски - Центар за развој на медиуми; Климе Бабунски – Про Медиа; Менде Младенов – „Битолски весник“; Зоран Фидановски – новинар; Марта Арсовска-Томовска, министерка за информатичко општество и администрација и Зоран Трајчевски - директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.


Click