Активности

Понеделник, 14 март 2016 година

Јавна расправа на тема: „Итни реформски приоритети за Република Македонија: Деполитизација на јавната администрација„

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска ја оддржа 29. седница посветена на Јавната расправа на тема: „Итни реформски приоритети за Република Македонија: Деполитизација на јавната администрација„.

Со седницата претседаваше претседателката на Комисијата, г-ѓа Ермира Мехмети, која потсети дека Комисијата продолжува да организира јавни расправи, согласно препораките наведени во Итните реформски приоритети за Република Македонија, изготвени од страна на експерти  на Европската комисија. Притоа истакна дека целтта на оваа Јавна расправа е да се разменат мислења и ставови за воспоставување  на професионална јавна администрација, која ќе го обезбеди правото на граѓаните на добра администрација.

Воведни обраќања по темата од јавната расправа имаа: вицепремиерот за европски прашања во Владата на Република Македонија, г.Фатмир Бесими, министерката за  информатичко општество и администрација, г-ѓа Марта Арсовска-Томовска и директорката на Агенцијата за администрација, г-ѓа Жаклина Николовска. 

Во расправата учествуваа пратениците: г. Трајчо Димков, г-ѓа Лидија Димова,  г-ѓа Даниела Рангелова, г. Кенан Хасипи, г-ѓа Солза Грчева, како и претставникот  на Синдикатот на Република Македонија, г. Живко Митревски.

Дискутантите се осврнаа на актуелните состојби во јавната администрација, при што се укаже на  потребата за  спроведување на новата законска рамка, Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор, со целосно почитување на принципите на транспарентност, заслуга и правична застапеност.

На седницата  беа поканети да учествуваат и претседателите и членовите и претставниците на Комисијата за надворешна политика, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија и Европската Унија, и Националниот совет за евроинтеграции.

Click