Активности

Среда, 17 февруари 2016 година

Јавна расправа на тема: Итни реформски приоритети за Република Македонија - точка 5. Meдиуми: „Независни и професионални медиуми и слобода на изразување

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска ја одржа 28. седница посветена на Јавната расправа на тема: Итни реформски приоритети за Република Македонија - точка 5. Meдиуми: „Независни и професионални медиуми и слобода на изразување.

Со седницата претседаваше претседателот на Комисијата, г-ѓа Ермира Мехмети, која  појасни дека Комисијата продолжува да  организира јавни расправи по Итните реформски приоритети, во областите на владеењето на правото и фундаменталните права, деполитизацијата на јавната администрација, слободата на изразување и изборната реформа. 

Во врска со денешната јавна расправа на темата „Независни и професионални медиуми и слобода на изразување„, г-ѓа Мехмети истакна дека е во насока на размена на предлози и мислења на претставниците на медиумите и на нивните здруженија и организации во Република Македонија, на владините институции, како и на пратениците,  со цел да се подобрат законските решенија  во Законот за медиуми и во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во интерес на слободното и независно новинарство во земјата.

Воведни обраќања по темата од јавната расправа имаа: надлежната министерка за информатичко општество, г-ѓа Марта Арсовска-Томовска, и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, г. Зоран Трајчевски.

Во расправата учествуваа: г. Дејан Георгиевски од Центарот за развој на медиумите, г. Климе Бабунски од Промедија, г-ѓа Ивона Талевска од Македонската асоцијација на новинари - МАН, г-ѓа Тамара Чаусидис од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, г. Насер Селмани од ЗНМ, г. Муамер Бекири од ТВ Шења и пратениците, г-ѓа Јагода Шахпаска и г-ѓа Даниела Рангелова.

Click