Активности

Среда, 23 декември 2015 година

Јавна расправа на тема: Како до европско судство?

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, денеска ја одржа 24. седница посветена на Јавната расправа на тема: Како до европско судство?

Со седницата претседаваше претседателот на Комисијата, г-ѓа Ермира Мехмети, која  појасни дека  целтта на оваа Јавна расправа е да бидат разменети мислења и ставови на едно место, меѓу пратениците,  претставниците на судската власт, владиниот и невладиниот сектор, во насока на постигнување на поголема независност и професионалност на судството во Република Македонија и негово приближување до европските стандарди.

Воведни обраќања по темата од јавната расправа имаа: потпретседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, г. Фатмир Бесими, министерот за правда, г. Аднан Јашари и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители г-ѓа Анета Арнаудовска. Притоа, гостите ги информираа присутните дека е изготвена Стратегијата 2016-2020 и Акцискиот план за реформите во судството, согласно барањата на европското законодавство, најдобрите европски практики и регионалните искуства.  

Во расправата учествуваа пратениците, Лидија Димова, Орхан Ибраими, Даниела Рангелова, Лилјана Поповска, Кенан Хасипи, како и претседателот на Советот за јавни обвинители г. Петар Аневски и директорката на ЕПИ, г-ѓата Малинка Ристевска-Јорданова.

Во нивните дискусии беше истакнато дека независното и непристрасно судство претставува еден од фундаменталните столбови на владеењето на правото, а со тоа и на функционалната демократија, што е важен предуслов за пристапување на земјата кон ЕУ. 

Click