Активности

Вторник, 7 јули 2015 година

Јавна расправа на тема: Новите развојни стратешки цели и родовата еднаквост - еднаквите можности на агендата во Република Македонија

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на 6 јули 2015 година, одржа јавна расправа на тема: Новите развојни стратешки цели и родовата еднаквост - еднаквите можности на агендата во Република Македонија.

Јавната расправа со пригодно обраќање ја отвори претседателката на Комисијата, г-ѓа Даниела Рангелова. 

На темата свои излагања имаа: Ибрахим Ибрахими, заменик министер  за труд и социјална политика на Република Македонија, Луиза Винтон, постојана претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации и постојана координаторка на Обединетите нации, Драгана Кипријановска, заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија, Маја Филиповска Чаушевска, заменик координаторка за еднакви можности на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Нермина Факовиќ, координаторка за еднакви можности на Министерството за здравство на Република Македонија.

Во дискусијата покрај членовите и замениците членови се вклучија пратеници од Собранието и претставници од невладините и меѓународните организации.  

По дискусијата беа донесени следните заклучоци:

  1. КЕМ ја подржува  иницијативата за новата развојна пост 2015 год. агенда и преку оваа дебата јасно ја изразува  својата поддршка за истата;
  2. КЕМ активно ќе се вклучи и во изработка на национална одржлива развојна статегија за имплементирање на новите пост 2015 глобални цели особено во делот за еднаквите можности и родовата еднаквост;
  3. КЕМ активно ќе учествува во спроведувањето на активностите на национално и мегународно ниво.

 

Click