Активности

Понеделник, 23 ноември 2015 година

Јавна расправа на тема: „Перинатална, доенечка и смртност на родилки во Република Македонија“

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија на 20 ноември 2015 година одржа јавна расправа на тема: „Перинатална, доенечка и смртност на родилки во Република Македонија“. На Јавната расправа беа поканети и активно учество зедоа претставници од Министерството за здравство, Лекарската комора на Македонија, Здруженија на педијатри, неонатолози, епидемиолози, анестезиолози, гинеколози, акушерки и други невладини организации кои ја третираат оваа проблематика.

Од изнесените дискусии беа дадени следните заклучоци:

  1. Неповолните социоекономски услови во Републиката, неедуцираноста на популацијата, ин витро бременостите, влијаат за предвремено родени деца и за смртноста;
  2. Се констатира дека недостасуваат здравствени работници од следните специјалности: гинеколози, педијатри, неонатолози и анестезиолози;
  3. Потребна е континуирана соработка на гинеколозите од примарна, секундарна и терцијарна здравствена заштита;
  4. Да продолжи континуираната медицинска едукација на здравствените работници, здравствените соработници, како и на медицинскиот персонал со средно образование;
  5. Да се воведе курикулум за акушерки согласно меѓународните стандарди и европските директиви;
  6. Да се подобри работата на патронажната служба;
  7. Да се предвиди зголемување на средствата во Буџетот на Република Македонија за Превентивната здравствена програма за здравствената заштита на мајките и децата, како и нивно рационално трошење;
  8. Потреба од донесување на закон за докторска дејност и закон за медицински сестри, техничари и акушерки.  

 

Click