Активности

Понеделник, 11 јануари 2016 година

Jавна расправа на тема: ,,Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита,,

Комисијата за здравство на Собранието на Република Македонија на 8 јануари 2015 година одржа јавна расправа на тема: ,,Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита,,. 

На Јавната расправа беа поканети и активно учество зедоа претставници од Министерството за здравство, Лекарската комора на Македонија, Самостојниот синдикат при Клинички центри и други здравствени установи, Здружението на офталмолози, Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки, Лекари специјалисти и идни специјализанти при Медицински факултет-Скопје, Здружение на педијатри и други организации кои ја третираат оваа проблематика. 

Од изнесените дискусии беа дадени следните заклучоци:

  1. Јасно дефинирање на дејноста на оптометристите со определување на стручен надзор во нивната дејност.
  2. Во вршењето на оптометриската дејност да се изземат деца до 14-годишна возраст.
  3. Допрецизирање на дејноста на специјализираните продавници за медицински средства.
  4. Да се исклучи можноста странски државјанин да биде директор на јавна здравствена установа.
  5. Кофинансирање на сите приватни специјализанти со цел да останат во јавното здравство.
  6. Договорот за лојалност на завршени специјализанти и субспецијализанти да биде 1:1 во однос на временскиот рок за одработување и 1:2 во однос на износот на средствата кои треба да ги вратат доколку предвреме го раскинат договорот.
  7. Вклучување на стоматолошки сестри и техничари во група на средно медицински персонал кои можат да се вратат од приватно во јавно здравство и
  8. Млади доктори и стоматолози да можат да отворат приватна здравствена установа без медицинска или стоматолошка сестра до 24 месеци од основањето или до запишување на 700 пациенти. 

 

Click