Активности

Вторник, 23 декември 2014 година

Јавна расправа по Предлог-законот за издавачката дејност

Комисијата за култура, во рамките на Осмата седница, на 22 декември (вчера) одржа Јавна расправа по Предлог-законот за издавачка дејност.

Имајќи предвид дека станува збор за нов закон кој ќе регулира област која досега беше опфатена во рамки на Законот за култура, претседателот на Комисијата за култура, Силвана Бонева, истакна дека намерата на оваа јавна расправа е да се слушнат мислењата и коментарите на директно засегнатите страни кои ќе го спроведуваат овој закон во пракса.

На јавната расправа беа поканети претставници од голем број издавачки куќи во Република Македонија и институции кои се бават со издавачка дејност. Во дискусијата по однос на Предлог-законот учествуваа: Ратко Дуев од Филозофски факултет Скопје - Комисија за издавачка дејност, Магдица Шамбевска од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје, Ќамил Руфати од издавачката куќа Вока 4, Владимир Ичокаев и Зоран Спасов од Фондацијата Македоника, Дарко Фиданоски од издавачката куќа Арс Ламина, Ели Маказлиева од издавачката куќа Едука Мак, Павлина Аџи Митреска и Маја Лазаревска од издавачката куќа Магор.

Од страна на учесниците беа искажани коментари и забелешки по однос на предложениот закон, а во насока на допрецизирање на одредбите.

Врз основа на мислењата, предлозите и ставовите кои беа изнесени на јавната расправа, Комисијата за култура како матично работно тело ќе подготви Извештај кој ќе го достави до Собранието на Република Македонија.

Click