Активности

Среда, 13 мај 2015 година

Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за музеите

Комисијата за култура, во рамките на 12. седница, денеска одржа Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за музеите.

На јавната расправа беа поканети претставници од сите национални и локални установи од музејската дејност во Република Македонија и претставници од уметничките галерии, а во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура и Весна Илиевска, државен советник во Министерството за култура.

Претседателот на Комисијата за култура, Силвана Бонева, нагласи дека преку оваа јавна расправа Комисијата има намера да изврши увид во текстот на Предлог-законот, да ги слушне коментарите од страна на засегнатите институции кои работат во областа на музејската дејност, како и да обезбеди поголема транспарентност во работата на Собранието на Република Македонија.

Во дискусијата по однос на Предлог-законот учествуваа: Биљана Гаревска од Природонаучен музеј на Македонија, Гордан Николов од Македонскиот национален комитет ИКОМ, Весела Честоева од Археолошкиот музеј на Македонија, Петре Камчевски од Музеј-галерија Кавадарци, Виолета Атанасова од Галерија „Ел Греко“, Мирјана Нинчовска од Музеј на Македонија, како и пратениците Лилјана Поповска и Роза Топузова Каревска.

Од страна на учесниците беа искажани коментари, мислења, предлози и ставови по однос на тексотот на Предлог-законот, а во насока на допрецизирање и подобрување на предложените одредби.

Претседателот на Комисијата за култура, Силвана Бонева, најави дека врз основа на предлозите искажани од учесниците на јавната расправа може да се изготват амандмани кои ќе бидат разгледани на второто читање на Предлог-законот закажано за следната недела.

Click