Активности

Вторник, 16 февруари 2016 година

Јавна расправа по Предлогот на законот за скијалишта

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на денешната 57. седницата одржа јавна расправа по Предлогот на законот за скијалишта.

На седницата на Комисијата во својство на предлагач на Предлог законот присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими. 

Во обраќањето пред пратениците и присутните гости предлагачот уште еднаш ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со Предлог законот и побара од присутните да дадат свои предлози, мислења и забелешки по Предлогот на законот и да ја утврдат потребата од донесување на предложениот закон.

На јавната расправа, покрај претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили присуствуваа и членовите на Комисијата: г-ѓа Лилјана Затуроска, г. Стојан Миланов и г. Томислав Тунтев; заменикот на претседателот на Комисијата, г. Рамис Мерко; замениците членови на Комисијата г-ѓа Лилјана Поповска и г. Драган Данев.

Присуствуваа и пратениците: г. Васко Ковачевски, г-ѓа Светлана Карапетрова и г. Јосифовски Љубомир.

На јавната расправа дискутираа и дадоа свои мислења, предлози и забелешки пратениците: Лилјана Поповска, Лилјана Затуроска, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски и Љубомир Јосифовски и учесниците: Борис Стојаноски –Ски Клуб Јелак, Мирослав Крстовски – Шарпланински куп, Горан Хаџи Иљоски – поранешен репрезентативец во скијање на Република Македонија, Киро Ангеловски – Федерација за планински спортови, Огнен Циговски – Скијачка федерација на Македонија, Јованка Стојанова – ЕЛЕМ Турс, Константин Циривири – Македонска асоцијација на интернационални водачи на планина, Влатко Јовановски – Дирекција за заштита и спасување, Томислав Андоновски – Агенција за млади и спорт, Јован Божиновски – Шарпланински куп и Саит Саити – Црвен крст.

Click