Активности

Вторник, 19 јули 2016 година

Јавна расправа за родовата рамноправност – трендови и предизвици

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на 18 јули 2016 година, одржа јавна расправа  на тема:  Родова рамноправност – трендови и предизвици.

Јавната расправа со пригодно обраќање ја отвори претседателката на Комисијата, Даниела Рангелова. 

На темата свои излагања имаа: Изабел Дингисан, заменик-спикерка на Рикстагот на Кралството Шведска; Ибрахим Ибрахими, заменик-министер  за труд и социјална политика на Република Македонија; Луиза Винтон, постојана координаторка на ОН; Александра Накева-Ружин, амбасадорка на Република Македонија во Кралството Шведска и Даниела Димитриевска, директорка на Македонско женско лоби.

Во дискусијата, покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата,  се вклучија и пратеници од Собранието на Република Македонија, претставници на локалните комисии за еднакви можности и претставници од невладините и меѓународните организации.  

По дискусијата се донесоа заклучоци за унапредување на родовата рамноправност.

Click