Активности

Вторник, 20 јануари 2015 година

Континуирана и безрезервна поддршка од Албанија за членство на Македонија во НАТО и ЕУ

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија оствари средба со г. Илир Мета, претседател на Собранието на Република Албанија.

На средбата, покрај претседателот на Пратеничката група, г. Орхан Ибраими, беа присутни и членовите: г. Реџаил Исмаили, г. Иван Иванов, г. Стојан Миланов и г. Димитар Стевананџија.

Претседателот Ибраими во своето поздравно обраќање го поздрави присуството на претседателот Мета и изрази благодарност за посетата, окарактеризирајќи ги односите на двете соседни земји како добри и пријателски, поврзани преку албанската заедница во Македонија и македонската заедница во Албанија.

Присутните разменија мислења за моменталната политичка состојба во двете земји, можностите за продлабочување на економската соработка, како и унапредување на севкупните односи. 

Господин Ибраими го информираше г. Мета за бојкотот на опозицијата во Собранието, спроведувањето на Рамковниот договор, како и уставните измени, кои се на денешниот дневен ред.

Претседателот Мета изрази благодарност за посетата, воедно повика на интензивирање на соработката помеѓу пратеничките групи на двете земји, изготвување на заедничка агенда со цел постојано следење на односите, интензивирање на средбите и заеднички проекти.

Тој посочи дека развојот и изградбата на Коридорот 8, односно железничкото поврзување на Албанија и Македонија, е особено битно за двете земји, како и за регионот.

Во однос на прашањето за членството на Македонија во НАТО и ЕУ семејството, поддршката што Албанија ја дава, и понатаму останува континуирана и безрезервна.

На крајот од средбата, г. Мета упати покана до Пратеничката група за официјална посета на Албанија, со цел да се продолжи дискусијата за многуте прашања кои беа поттикнати денеска.

Click