Активности

Понеделник, 8 февруари 2016 година, Хаг

КОСАК како придонес во градењето на позитивен конструктивен дух во Европската унија

На 7 И 8 февруари во Хаг, Холандија, во рамките на Хландското претседателство со Европската унија се оддржува подготвителниот состанок на претседателите на Комисиите за европски прашања на земјите членки на Европксата унија-КОСАК. На овој состанок свое учество зема г-ѓа Шпреса Хадри, пратеник во Собранието на Република Македонија и член  на Комисијата за европски прашања.

Работниот дел на состанокот започна со обраќањето на г-ѓа Анки Брокерс-Кнол, претседател на Сенатот на Кралството Холандија. Во своето излагање го истакна значењето на овој долгогодишен и традиционален состанок кој во исклучителна мера придонесува во градењето на позитивен конструктивен дух во Европската унија, продуцира значајни документи за европските граѓани и се разменуваат мислења и  визии за понатамошнто добро функционирање на националните парламенти и Европската унија во целина. 

Состанокот продолжи со продуктивна расправа за работењето на ЕВРОПОЛ, која се разви во дискусија за соработката меѓу националните парламенти и останатите институции на Европската унија, расправа за заканата од териризам во Унијата, за миграцискиот бран со кој се соочуваат земјите членки на Унијата, меѓу кои и Република Македонија и многу други значајни теми за Унијата.

На маргините на состанокот г-ѓа Шпреса Хадри го искористи состанокот да се сретне со своите колеги од националните парламенти на земјите членки од Унијата, да разменат мислења и искуства меѓусебно, да разговараат за моменталната политичка ситуација во Република Македонија, но и во Унијата, за да се согласат дека овие состаноци се искучително корисни за размената на вакви информации.

Состанокот завршува денес со презентација на Холандските приоритети за претеседателството со обраќање на министерот за надворешни работи на Холандија, г. Берт Кондерс.

Click