Активности

Понеделник, 2 ноември 2015 година

Можност за продлабочување на парламентарната соработка меѓу Македонија и Франција

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република оствари средба со францускиот амбасадор во нашата земја, Н.Е. Лоранс Оер.

Покрај претседателот на Пратеничката група, г. Љубиша Николиќ, на средбата присуствуваа и членовите: г-ѓа Даниела Рангелова, г-ѓа Сузана Секуловска, г. Васил Пишев и г. Беким Фазлиу.

Во воведното обраќање, г. Николиќ изрази благодарност за посетата, којашто е добредојдена за размена на идеи и искуства, како и за добиената поддршка, притоа нагласувајќи ја успешната соработка меѓу двете земји и многуте остварени средби на повеќе нивоа.

Госпоѓа Оер истакна дека е дојдена за да соопшти две работи, прво да упати покана од Француската група за пријателство за посета на тамошниот парламент, што ќе биде можност за подобро информирање и запознавање на македонските пратеници со француските колеги и второ – да се продлабочи парламентарната соработка на друго ниво, на пример преку административните служби.

Присутните се сложија и дека постои можност за зголемена соработка меѓу двете пријателски земји на економско, културно и образовно поле. 

Пратениците се заблагодарија за поканата за посета на Франција и за вложените напори во решавањето на политичката криза во Македонија, со надеж за реализирање на договореното од Пржино, добивање на позитивен извештај и продолжување на евроинтегративниот пат.

Click