Активности

Понеделник, 7 март 2016 година

Одбележување на 10 годишнина од донесувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на 4 март 2016 година,  одржа свечена седница  на тема: Одбележување на 10 годишнина од донесувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите.

Свечената седница со пригодно обраќање ја отвори претседателката на Комисијата, г-ѓа Даниела Рангелова. 

На темата свои излагања имаа: г. Ибрахим Ибрахими, заменик-министер  за труд и социјална политика на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Поповска, поранешна претседателка на Комисијата и пратеничките: г-ѓа Јулијана Силјановска и г-ѓа Роза Топузова-Каревска.

За носењето на овој закон и формирањето на Комисијата, како и за улогата на  институциите, невладиниот сектор и меѓународните организации во имплементацијата на истиот и реализацијата на активностите низ изминатите години,  говореа г-ѓа Лилјана Кузмановска, г-ѓа Елеонора Петрова, г-ѓа Катерина Димеска и г-ѓа Тања Томиќ, поранешни координаторки на Клубот на пратенички, пратениците: г-ѓа Лидија Димова и г. Марјан Даскалов, проф. д-р Елена Ќосевска, претставничката од Институтот за јавно здравје, г-ѓа Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби, г-ѓа Доминика Стојановска, раководителка на канцеларијата на UnWomen во Скопје, г-ѓа Савка Тодоровска од Националниот совет за родова рамноправност и г. Дамјан Здравев од НВО Реактор- Истражување во Акција.

Присутните апелираа идниот парламентарен состав да превземе активности согласно изнесените предлози на оваа свечена седница.  

Click