Активности

Среда, 1 октомври 2014 година

Осма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 8. седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа

  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за градење.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, Ниметула Халими.

Претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, биле поднесени вкупно 12 амандмани по Предлогот на законот, од кои по 4 беа усвоени, неусвоени и повлечени.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: Лилјана Затуроска, Роза Топузова Каревска и Фатмир Имероски.

По расправата, Комисијата, го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење на натамошна постапка во Собранието. 

Click