Активности

Понеделник, 27 октомври 2014 година

Осумнаесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет 

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на  18. седница, одржана на 22 октомври 2014 година, како матично работно тело го разгледа

  • Предлогот на закон за дополнување на Законот за преземање на акционерските друштва (во прво читање).            

Воведно образложение по Предлогот на законот даде заменикот на министерот за финансии, г. Ардиан Џељадини. 

Тој истакна дека во Законот за преземање на акционерските друштва се утврдени исклучоците од обврската за давање на понуда за преземање. Праксата покажа дека има потреба да се утврди исклучок од давање на понуда за преземање и во случаите кога преносот на хартиите од вредност настанува врз основа на договори за подарок помеѓу брачни другари или помеѓу родители и деца. Со предложеното дополнување на членот 19 од постојното законско решение од обврската за давање понуда за преземање на хартии од вредност се ослободува  преносот по основ на договор за подарок помеѓу брачни другари или помеѓу родители и деца.

Во расправата учествуваше пратеникот Ѓорѓи Коџабашиев.

Комисијата едногласно заклучи дека Предлог на законот е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click