Активности

Понеделник, 1 февруари 2016 година 

Отворен ден во Собранието на Република Македонија

На 29 јануари 2016 година, во Собранието на Република Македонија се одржа Отворен ден за посета, при што македонскиот законодавен дом го посетија 653 граѓани и ученици, распоредени во 13 организирани групи.

Ова претставуваше можност посетителите да го разгледаат свечениот дел на зградата на Собранието.

Собранието на Република Македонија е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават пет работни дена пред посетата.

Click