Активности

Петок, 19 февруари 2016 година

Педесет и четврта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 54. седница, како матично работно тело во второ читање ги разгледа:

  1. Предлог на законот за скијалишта; 
  2. Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше и учествуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, по Предлог на законот за скијалишта поднесени се вкупно 23 амандмани од кои 16 беа усвоени, 2 неусвоени и 5 повлечени од страна на овластените предлагачи.

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: г-ѓа Лилјана Затуроска, г. Томислав Тунтев и г. Васко Ковачевски како и заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Додека по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, Комисијата не водеше претрес по 2 поднесени амандмани бидејќи истите беа повлечени од овластените предлагачи.

На крајот од расправата, Комисијат ги проследи Предлог на законите на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.                                 

Click