Активности

Петок, 9 септември 2016 година

Педесет и четврта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 54. седница, одржана на 7 септември 2016 година, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Во дискусија по Предлогот на законот учествуваа пратениците Панче Орцев и Лидија Димова.

По расправата, Комисијата го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click