Активности

Вторник, 23 февруари 2016 година

Педесет и деветта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 59. седница, како матично работно тело по скратена постапка ги разгледа:

  1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со пакување и отпад од пакувањето;
  2. Предло-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори;
  3. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот;
  4. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на природата;
  5. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема;
  6. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина;
  7. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини;
  8. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за градење;            

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше заменикот на министерот за животна средина и просторно планирање, г. Стево Темелковски.

Заменикот на претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани на Предлог - законите.

Комисијата за транспорт, врски и екологија Предлог-законите ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click