Активности

Четврток, 25 август 2016 година

Педесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 51. седница, како матично работно тело во скратена постапка го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Заменик-министерот Костадиновски, ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.

Претседателот на Комисијата, г. Панче Орцев ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Во дискусија по Предлогот на законот учествуваа пратениците: г-ѓа Милева Ѓорѓиева, г. Љупчо Димовски, г. Панче Орцев и г-ѓа Мира Стојчевска. Во нивните дискусии беше изразен ставот за донесување на овој Предлог на закон. 

По расправата, Комисијата го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието.

Click