Активности

Понеделник, 15 февруари 2016 година

Педесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 56. седница, како матично работно тело, во второ читање, ги разгледа:

  1. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за домување;
  2. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај;
  3. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај;
  4. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта;
  5. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законoт за воздухопловство;
  6. Предлог – закон за изменување и дополнување на Законoт за градежно земјиште;
  7. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води;
  8. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за железничкиот систем;
  9. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за сигурност во железничкиот систем;
  10. Предлог - закон за изменување на Законoт за интероперабилност во железничкиот систем;
  11. Предлог - закон за изменување и дополнување на Законoт за внатрешната пловидба;
  12. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги;
  13. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности;
  14. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги;
  15. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота;
  16. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти;
  17. Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за автокампови;
  18. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање;
  19. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот, не се поднесени амандмани по Предлог на законите.

Во однос на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај изготвен е Дополнет предлог на законот во кој е вграден еден амандман поднесен од страна на овластените предлагачи.

Комисијата за транспорт, врски и екологија Предлог-законите, ги проследи на натамошна постапка во Собранието. 

Click