Активности

Вторник, 9 февруари 2016 година

Педесет и трета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 53 седница, како матично работно тело по скратена постапка го разгледа

• Предлогот на законот за изменување на Законот за воздухопловство.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Заменикот на претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот. 

Комисијата за транспорт, врски и екологија Предлогот на законот го проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click