Активности

Вторник, 30 август 2016 година

Педесет и втора седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 52.седница, како матично работно тело во второ читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше, г. Ванчо Костадиновски, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Претседателот на Комисијата ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.

Во дискусија по Предлогот на законот учествуваше пратеникот Панче Орцев.

По расправата Комисијата, го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието. 



Click