Активности

Петок, 8 јануари 2016 година

Педесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија  

Комисијата за транспорт, врски и екологија  на Собранието на Република Македонија, на денешната 50. седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлогот на законот за дополнување на Законот за градење - прво читање;
  2. Предлогот на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште - прво читање.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими.

Господин Хаљими во образложенијата по Предлог-законите ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите.

Комисијата за транспорт, врски и екологија со по 8 гласа „за“ констатираше дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click