Активности

•Петок, 27 ноември 2015 година

Петнаесетта седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 15. седница, го разгледа Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, со посебен осврт на делот за родова рамноправност.                  

На седницата покрај членовите и замениците членови на Комисијата присуствуваа пратеници од Собранието на Република Македонија, претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука.

Во дискусија по Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, со посебен осврт на делот за родова рамноправност учествуваа пратениците: Даниела Рангелова, Шпреса Хадри, Биљана Настеска, Лилјана Кузмановска, Лидија Димова, Олга Најденовска, Марија Агелова и Соња Мирковска, како и Мердита Салиу, раководителка на Секторот за еднакви можности во Министерството за труд и социјална политика, Даниела Хаџи Димова Јованова, вработена во Секторот, Нермина Факовиќ, координатор за еднакви можности во Министерството за здравство и Надежда Узелац, координатор за еднакви можности во Министерството за образование и наука.

По дискусијата беа донесени следните заклучоци:

  1. КЕМ го поздравува Извештајот на ЕК и си превзема обврска да посвети посебно внимание за надминување на одредени пропусти, нотирани во него.
  2. КЕМ изразува задоволство што во Извештајот се забележани редица напредоци на планот на родовата еднаквост и спроведувањето на Стратегијата за родова еднаквост 2013-2020. Исто така КЕМ изразува задоволство што во Извештајот е нотиран подобрениот капацитет на локалните комисии за еднакви можности на жените и мажите во смисла на нивно поефективно спроведување на обврските од Законот за еднакви можности на жените и мажите. Како Комисија исто така изразувме задоволство што се нотирани и напорите за превенција и заштита на жртвите на трговија co луѓе, илегалната миграција, непридружувани малолетни лица како и Законот за  семејно насилство.
  3. КЕМ ќе се заложи да се надминат пропустите кои се нотирани во овој Извештај при што особен фокус ќе се стави на:

• зголемување на напорите за намалување на разликата во висината на приходите кај жените и мажите и економско јакнење на жените;
• зголемување на капацитети на службите за заштита на децата изложени на најголем ризик;
• унапредување на механизмите за унапредување на родовата еднаквост;
• поголемо учество на невладините организации и граѓанските здруженија во самите процесите.

Click