Активности

Вторник, 5 мај 2015 година

Петнаесетта седница на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања, со која претседаваше заменик - претседателот, г-ѓа Нора Алити, денеска ја одржа својата 15 седница на која расправаше по точката од дневниот ред: 1. Предлог законот за царински мерки за спроведување на заштитата на правата од интелектуална сопственост, прво читање.

Воведно образлагање по Предлог законот даде заменик-министерот за финансии, г. Ардиан Џеладини, кој ја појасни потребата за донесување на овој закон, со кој се врши усогласување со новата регулатива на ЕУ бр. 608/2013, која се применува во ЕУ од 01.01.2014, а со која се става вон сила Регулативата бр. 1383/2003.

Во расправата учествуваа пратениците Нора Алити и Даниела Рангелова, кои го поздравија донесувањето на овој закон, бидејќи со него се регулира заштитата на интелектуалната сопственост по европски стандарди, но и се влијае врз намалувањето на сивата економија во земјата.

Исто така, се истакна дека, во делот на заштитата на правата од интелектуална сопственост со новите законски решенија комплетно ќе се направи усогласување со новиот систем за обработка на царинските декларации и акцизни документи СОЦДАД (CDEPS).

На крајот од расправата, Комисијата со 7 гласа  „за“  заклучи дека Предлог законот за царински мерки за спроведување на заштитата на правата од интелектуална сопственост, прво читање, е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ.

Click