Активности

Петок, 12 декември 2014 година

Петнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на 15. седница, одржана на 10 декември 2014 година, како матично работно тело, ги разгледа:

  1. Предлог-законот за изменување и дополнување на  Законот за постапување со бесправно изградени објекти - I читање;
  2. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги - II читање;
  3. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење - II читање;
  4. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за домување - I читање;
  5. Предлог-законот за просторно и урбанистичко планирање - I читање.

Во однос на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, претседателот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г. Реџаиљ Исмаили, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по Предлог-законот. Комисијата, без дискусија, го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Во Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење вградени се пет усвоени амандмани поднесени од пратениците: Лилјана Затуроска, Реџаиљ Исмаили и Рамис Мерко.

Преостанатите три Предлог-закони, во својство на претставник на Владата на Република Македонија, ги образложи заменик-министерот за транспорт и врски, г. Ниметула Хаљими, кој ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што ќе се уредуваат со законите. Комисијата по овие три Предлог-закони едногласно го усвои следниот Заклучок:

Комисијата, врз основа на член 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, констатира дека овие Предлог-закони се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click