Активности

Среда, 11 февруари 2015 година

Петнаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на 15. седница, одржана на 10 февруари 2015 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите;
  • Предлогот на законот за дополнување на Законот за ловството;
  • Предлогот на законот за дополнување на Законот за Државниот инспекторат за земјоделство;
  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за шумарска и ловна инспекција;
  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната за животни.

На седницата на Комисијата, во својство на повереник на Владата на Република Македонија, присуствуваше г. Бесир Јашари, државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Повереникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законите, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законите. 

Во дискусијата по Предлог-законите учествуваа пратениците: г. Љупчо Димовски, г-ѓа Олга Најденовска, г-ѓа Соња Талевска, г. Ѓорѓи Коџабашиев и г. Никола Мицевски.

На крајот од расправата, Комисијата оцени дека Предлог-законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Click