Активности

Вторник, 9 септември 2014 година 

Петта седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на  денешната Петтата седница, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа:

  1. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија;
  2. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за возила;
  3. Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва.

Претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Љупчо Димовски, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата, Предлог-законите ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click