Активности

Среда, 30 јули 2014 година

Петта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на Петтата седница, одржана денеска, како матично работно тело, во второ читање ги разгледа:

  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем; 
  • Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај.

На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше заменикот на министерот за транспорт и врски, Ниметула Халими.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаил Исмаили, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени  амандмани по Предлог на законите.

Врз основа на член 149 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, на Комисијата, членот Лилјана Затуроска, на Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем, поднесе еден амандман кој едногласно беше усвоен.

На крајот од расправата, Комисијата, Предлог- законите ги проследи на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија. 

Click