Активности

Понеделник, 20 април 2015 година

Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, на 20  април  2015 (денеска) 2015 година, со почеток од 11.00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ја одржа својата 13. седница, посветена на Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната.

На јавната расправа, воведно излагање по предлог-законот имаа заменик-министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, г. Ванчо Костадиновски, како и директорот  на Агенцијата за храна и ветеринарство, г. Зоран Поповски, а беа присутни  и членовите и замениците на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и членовите и претставниците во Националниот совет за евроинтеграции.

Во расправата, во која учествуваа пратениците: Нора Алити,  Силвана Бонева,  Шпреса Хадри, Кенан Хасипи, Соња Талеска, Роза Топопузова Кареска, како и поканетите гости:  д-р Весна Рафајловска од Техничко-технолошкиот факултет, г. Антони Пешев  претседавач на Собранието на Стопанските комори на Македонија, г-ѓа Маријана Лончар Велкова, од Организацијата на потрошувачи на Македонија, д-р Драган Данаиловски по Епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика на Медицинскиот факултет, г-ѓа Катерина Костадинова, консултант за безбедност на храната и доц. д-р Гордана Ристовска  од Медицинскиот факултет, беа искажани повеќе предлози и забелешки со цел за подобрување на предложените законски решенија, а во насока на поголема безбедност на храната, како и на здравјето на граѓаните.

Во расправата беше поддржана потребата за донесување на овој закон, бидејќи со неговото имплементирање во земјата се воведуваат европските норми и стандарди, а сето тоа усогласено со европската правна рамка и европските директиви за означување, презентирање и рекламирање, во однос на состојките и означувањето на нутритивните вредности.

Исто така, во дискуисиите беа дадени и предлози за допрецизирања на  одделни  членови во предлог-законот.

Click