Активности

Вторник, 7 октомври 2014 година

Посета на членови на Парламентот на Обединето Кралство

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија и претседател на Комисијата за надворешни работи, м-р Антонијо Милошоски, шефот на Делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Александар Николоски и претседателот на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, г. Влатко Ѓорчев, денеска остварија средба со членови на Парламентот на Обединето Кралство.

На средбата присутните изразија задоволство од посетата и разменија мислења во однос на прашањата за војната во Сирија и Ирак како глобален феномен, за регрутирањето на државјани, индоктринација на локалното население за вклучување во ваков тип на организации, како и улогата на верските лидери.

Воедно, тие изразија интерес и за соработка во Парламентарното собрание во Советот на Европа за прашањата кои би го свртеле вниманието кон Македонија, нивно актуелизирање и начин на решавање.

Стана збор и за ЕУ интеграцијата на Македонија во пресрет на годишниот Извештај за напредокот на Македонија за 2014 година. Беше истакнато дека Обединетото Кралство и понатаму силно ја поддржува Македонија на мултилатерално ниво и за зајакнување на односите на билатерално ниво. 

Click