Активности

Четврток, 10 јули 2014 година

Посета на Делегација на Ад-хок комисијата на ПС СЕ за набљудување на претседателските избори и предвремените парламентарни избори

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), г. Александар Николоски и заменик-членот на Делегацијата, г. Имер Алиу, остварија средба со Делегација на Ад-хок комисијата на ПС СЕ за набљудување на претседателските избори и предвремените парламентарни избори.

Во составот на Делегацијата беа: г. Стефан Шенах, шеф на Ад-хок Комисијата и претседател на Мониторинг-комисијата и г. Роберт Валтер, известител за постмониторинг дијалогот со Република Македонија. 

Во фокусот на средбата беа парламентарните и претседателските избори, текот на избирачкиот процес, бојкотот на ДУИ на изборите за претседател на Република Македонија и на СДСМ во Парламентот, како и последните протести поради случајот „Монструм“. 

Беше истакнато дека мора да постои политички дијалог и сите прашања да се решаваат во рамките на институциите. Меѓуетничките односи се чувствителна сфера и треба континуирано да се негуваат за да не произлезат проблеми. 

Исто така, беше изразена надеж дека наесен македонското собрание ќе работи во полн капацитет и дека ваквите околности нема да влијаат на евроинтегративниот пат на Република Македонија. 

Click