Активности

Четврток, 12 февруари 2015 година

Посета на Делегација на Парламентарната група за соработка меѓу Германија и Југоисточна Европа при Бундестагот

Делегација на Парламентарната група за соработка меѓу Германија и Југоисточна Европа при Бундестагот оствари заедничка средба со Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија и Комисијата за надворешна политика, како и со Комисијата за европски прашања.

Делегацијата беше во состав од г. Петер Вајс, г. Јосип Јуратовиќ, г. Александер Соранто Ној, г. Рудолф Хајнц Визе, г. Дирк Фепел и г-ѓа Уте Елизабет Финк, како и амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е. Кристине Алтхаузер.            

Претседателот на Пратеничката група, г. Антонио Милошоски, посакувајќи им добредојде на гостите, посочи дека со задоволство гледа на покажаниот интерес и посетата, со надеж дека ќе вроди со плод не само во билатералните односи меѓу Германија и Македонија, туку и во нашите евроатлантски аспирации.

Госпоѓа Нора Алити, заменик-претседател на Комисијата за европски прашања во своето воведно излагање ги запозна гостите со надлежностите и работа на Комисијата. Воедно посочи дека Македонија ужива и негува пријателски односи со Германија.

Претседателот на Парламентарната група за соработка од Бундестагот, г. Вајс, изрази задоволство од посетата, како продожение на задачата негување на пријателските односи кон Југоисточна Европа и кон Македонија и унапредување на евроинтегративните процеси.

На средбата, присутните разменија мислења и забелешки за актуелните политички случувања во државата, бојкотот на Собранието од страна на опозицијата, евроинтегративниот пат на Македонија, како и прашањето за името, сè со цел нивно што поскорешно надминување. 

Во однос на економската соработка, инвестициите што доаѓаат од Западен Балкан се особено значајни за Македонија, бидејќи Германија ѝ е трговски партнер кој се наоѓа на првото место.

Click