Активности

Среда, 7 октомври 2015 година

Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Косово во интерес на двете земји

Потпретседателот на Собранието  на Република Македонија, г. Антонијо Милошоски, оствари средба со г-ѓа Дуда Балје, потпретседател на Косовското собрание, која е во прва официјална посета на Македонското собрание.

Потпретседателот Милошоски изрази задоволство што е домаќин на средба со г-ѓа Балје, која доаѓа од земја со која имаме добра билатерална соработка, но и во рамките на двата парламента.

Република Македонија има интерес за пријателски, економски, политички и билатерален развој на односите со Косово, особено за продлабочување на културната размена помеѓу двете земји.

Потпретседателот на Косовското собрание, г-ѓа Балје, изрази благодарност за досегашната добра соработка помеѓу двете земји, воедно го поздрави и неодамнешното формирање на Пратеничка група за соработка со Македонија во Парламентот на Косово.

На средбата соговорниците разменија искуства за приоритетите на двете држави, визната либерализација кон која Косово се стреми, а Македонија ја има, за моменталната политичка состојба и изборите коишто им претстојат во текот на наредната година, како и неможноста за нормално функционирање на Косовскиот парламент поради опозицијата.

На крајот од средбата, присутните се согласија дека ваквата комуникација на пратеници на сите нивоа ќе ја зголеми довербата и соработката меѓу двете земји и ќе ја продлабочи парламентарната соработка меѓу Парламентите.  

Click