Активности

Вторник, 1 јули 2014 година

Прва седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на 1. Седница, одржана денеска, како матично работно тело, го разгледа Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2013 година.

Во својство на претставник на предлагачот, на седницата присуствуваше г. Благој Чурлинов, претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата, кој даде образложение по Годишниот извештај. 

Беше истакнато дека Комисијата за заштита на конкуренцијата, имајќи ги предвид расположливите ресурси, е задоволна од остварениот обем на активности и постигнатите резултати на полето на заштитата на конкуренцијата во Република Македонија во текот на 2013 година. 

Во Годишниот извештај се содржани детални информации за извршување на надлежностите од Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за контрола на државната помош, како и целосни и детални информации за нејзиното материјално и финансиското работење. 

Во 2013 година Комисијата изготвила и донела насоки кои се однесуваат на примена на Законот за заштита на конкуренцијата и тоа насоки за начинот на поднесување и пополнување на известувањето за концентрациите. 

Изминатата година Комисијата континуирано остварувала соработка со Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, во делот на изработка на законските акти во согласност со Законот за енергетика. 

Втора област која е во домен на Комисијата за заштита на конкуренцијата е Контрола на државната помош. Беше истакнато дека во своето редовно работење остварени се повеќе активности. 

Беше истакнат и финансискиот дел за работењето на Комисијата, посочувајќи дека истиот е позитивен. 

Претседателот Чурлинов ја истакна организацијата и улогата на стручната служба во нејзиното работење, како и меѓународната активност. 

Притоа, беше кажано дека потребно е континуирано и институционално зајакнување на Комисијата, со посебен акцент за зголемување на бројот на вработените.  

  • Врз основа на расправата, Комисијата за економски прашања го разгледа и едногласно го усвои Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2013 година.
Click