Активности

Вторник, 1 јули 2014 година

Прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната Прва седница, како матично работно тело, одржа Презентација на согледувањата за исполнување на целите на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги на предложените кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а воедно разгледа и четири Извештаи:

  • Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2013 година;
  • Годишниот извештај за резултатите од работењето на ЈРП Македонска радио телевизија за 2013;
  • Извештајот за работата на Советот за радиодифузија на Република Македонија за 2013;
  • Годишниот извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2013.

Претседателот на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили, истакна дека оваа презентација е согласно член 14 став (8) од Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги, каде е утврдено дека предложениот кандидат за член на Советот ги презентира своите согледувања за исполнување на целите на овој закон пред работното тело на Собранието на Република Македонија, надлежно за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На седницата на Комисијата присуствуваа и ги презентираа своите согледувања предложените кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и тоа: г. Зоран Фиданоски, предложен од Здружението на новинари на Република Македонија; г. Лазар Трајчев, предложен од Македонската асоцијација на новинари; г. Методија Јанчески, предложен од Интеруниверзитетската конференција на Република Македонија; г-ѓа Алма Машовиќ, предложена од Адвокатската комора на Република Македонија; г. Лазо Петрушевски и г. Селвер Ајдини, предложени од Комисијата за прашањата на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија и  г. Милаим Фетаи, предложен од Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

Годишните извештаи ги образложија: претставникот на Агенцијата за пошти, г. Љупчо Мешков, претседателот на Kомисијата; претставникот на ЈРП Македонска радио телевизија, г-ѓа Лилјана Стојановска, советник на извршниот директор; претставникот на Советот за радиодифузија, г. Зоран Трајчевски, претседател на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ,како и претставникот на Агенцијата за електронски комуникации, г-ѓа Гордана Клинчарова, претседател на Комисијата. 

Click