Активности

Понеделник, 21 јули 2014 година

Прва седница на Комитетот за односи меѓу заедниците   

Денеска, се одржа Првата седница на Комитетот за односи меѓу заедниците, со која  претседавачот, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски честитајќи им го  изборот на членовите на Комитетот извести дека тој ја свикал и ќе претседава со Првата - конситутивна седница на Комитетот се до изборот на претседател на Комитетот. 

Воедно, тој ја нагласи значајната улога на Комитетот во развојот и унапредувањето на односите меѓу заедниците во Република Македонија.  

На предлог на претседавачот, на седницата беше усвоен следниот Дневен ред:

  • Избор на претседател и заменик на претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Членот на Комитетот, г. Џеват Адми, за претседател на Комитетот го предложи, г. Ејуп Рустеми, пратеник и член на Комитетот.

 За заменик на претседателот на Комитетот, членот на Комитетот, г. Антонијо Милошоски, го предложи, г. Благоја Деспотоски, пратеник и член на Комитетот. 

По гласањето, претседавачот констатираше дека за претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците е избран членот на Комитетот, г. Ејуп Рустеми, а за заменик на претседателот на Комитетот е избран членот на Комитетот, г. Благоја Деспотоски.                                                                                    

Click