Активности

Четврток, 6 ноември 2014 година, Часта Папирничка, Словачката Република

Разменети искуства и практики во однос на работата на службата на законодавно-правните и уставните комисии

Во организација на Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) и Националниот совет на Словачката Република, од 5 до 7 ноември 2014 година, во Часта-Папирничка, Словачката Република, се одржува работилница на тема: „Улогата на законодавните служби во работата на Собранието". 

На работилницата учествуваат пратениците г-ѓа Светлана Јакимовска, претседател на Законодавно-правната комисија и г. Рамиз Мерко, член на Законодавно-правната комисија.

Денеска на работилницата „Улогата на законодавните служби во работата на Собранието", претседателитe  и  членовитe  на законодавно-правните  и  уставните  комисии, потоа  претставницитe  од  службите  на комисиите,  како и парламентарнитe  правни  експерти  од  Албанија,  Босна  и Херцеговина,  Косово,  Македонија,  Црна  Гора  и  Србија ги слушнаа искуствата и практиките  на  Република  Чешка,  Словачка  и  Полска во  функционирањето  на законодавните услуги и обезбедувањето на правна помош. 

Учесниците  дискутираа и разменија искуства во однос на тоа дали секој учесник во својот парламент има законодавно-правен сектор, кои се неговите надлежности, колкав е бројот на стручните служби и кои се нивните надлежности.

Исто така, беа разменети искуства и практики во однос на работата на службата на законодавно-правните и уставните комисии, нивните надлежности, нивната улога во подобрувањето на текстот на предлог-законите, како и разгледување на предлог-законите од аспект на нивната усогласеност со Уставот.

Покрај ова учесниците дискутираа и во однос на изготвување на правни мислења од страна на стручните служби, формата во која се подготвуваат, како и за начинот на нивното презентирање.

Click