Активности

Среда, 9 декември 2015 година, Брисел

Реформи од 2013 година на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП/CAP): импликации за земјите од проширувањето

Во рамките на Програмата за поддршка на парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, Генерален директорат за надворешна политика, во соработка со Комитетот за земјоделство, на 9 декември 2015 година во Брисел, Кралство Белгија, се одржува Интерпарламентарен семинар на тема „Реформи од 2013 година на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП/CAP): импликации за земјите од проширувањето“.

На Семинарот учествува делегација од Собранието на Република Македонија од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, во состав г. Сашо Поцков, заменик-претседател, г. Никола Мицевски, член, г. Реџаиљ Исмаили, член и г. Газменд Алији заменик-член.

Интерпарламентарниот семинар го отвори и поздравен говор упати г. Чеслав Сиекиерски, пратеник во Европскиот парламент и претседател на Комисијата за земјоделство.

Во рамките на програмата, предвидено е да се дебатира и да се отворат прашања во врска со: 

- улогата на Европскиот парламент во усвојувањето на реформата на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП); за позадината и водечките принципи на реформата на ЗЗП; 

- за елементите на реформата на ЗЗП (дел 1): Директни плаќања; - за елементите на реформата на ЗЗП (дел 2): Заедничка организација на пазарот;

- за елементите на реформата на ЗЗП (дел 3): Рурален развој; 

- за елементите на реформата на ЗЗП (дел 4): Хоризонтална регулатива за финансирање, управување и следење на ЗЗП;

- за спроведување на реформата на ЗЗП и перспективите во иднина. 

На крајот на Интерпарламентарниот семинар се очекува завршни забелешки да даде г. Чеслав Сиекиерски, пратеник во Европскиот парламент и претседател на Комисијата за земјоделство.

На Интерпарламентарниот семинар учествуваат европратеници, претставници од парламентите на земјите на Западен Балкан и Република Турција, претставници од Европската комисија, експерти, со цел да ги споделат регионалните искуства и видувањата за идните предизвици во овој домен.

Click