Активности

Понеделник, 22 септември 2014 година

Седма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, на денешната 7. седница, како матично работно тело, во второ читање, го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство.

Претседателот на Комисијата, г. Љупчо Димовски, ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани од овластени предлагачи.

Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Македонија.

Click