Активности

Петок, 29 јули 2016 година 

Седумдесет и прва седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на вчерашната 71. седница, како матично работно тело по скратена постапка го разгледа Предлог на закон за изменување и дополнување на Законoт за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесен од пратениците Илија Димовски, Горан Сугарески, Артан Груби и Беким Фазлиу.

Претседателот на Комисијата, Реџаил Исмаили ги извести пратениците дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани на Предлогот на законот.

Комисијата за транспорт, врски и екологија Предлогот на законот го проследи на натамошна постапка во Собранието. 

Click